Уапсено момче од Скопје кое се барало со потерница за отслужување затворска казна

фото: Слободен печат, архива

Вчера попладне, момче од Скопје е уапсено од полицијата, бидејќи се барало по потерница за издржување на затворска казна од пет години. Според МВР од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи на улицата „Владимир Назор“ бил уапсен Е.Б.(21) од Скопје затоа што се барал по потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години по наредба од Основен кривичен суд Скопје за сторено кривично дело „разбојништво“. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Идризово“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот