Уапсени Срби кои шверцувале „малтезери“

Четворица српски државјани се уапсени во Германија за криумчарење на 11 лица, но и на три малтешки кученца кои сега се сместени во прифатилиште за кучиња, пренесува порталот ПНП.

Како што се наведува, полицијата во петокот запрела две комбиња со српски таблички во кои имало 15 лица.

Дел од патниците изјавие дека патуваат кон Минхен. Во групата имало и шест деца. Возрасните дале контрадикторни информации за нивната дестинација и приложиле лажни договори за вработување, па полицијата ги уапсила.

Сепак, полицајците се изнандиле кога откриле дека во едно од возилата има три кученца од расалата малтезер. Бидејќи немале документи за кучињата, тие биле одземени и сместени во карантин, по што ќе бидат вдомени, извести германската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот