Уапсени две лица кои биле затекнати при нелегална сеча на дрва на државно земјиште

Дрва за огрев / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Полицијата вчера во близина на општина Чучер Сандево ги приведе К.Ј (19) од село Берст и О.Ш(27) од село Арачиново кои биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште.

На 03.05.2023 во 19.00 часот кај место викано „Рамно”, на шумскиот пат кон Бањашница, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода К.Ј.(19) од с.Брест, скопско О.Ш.(27) с.Арачиново, скопско. Тие биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште, соопшти МВР.

Дрвата се одземени и предадени на претставници од ЈП „Национални шуми” – Караџица, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот