Фото: МВР

Уапсени двајца тетовци „фатени“ со 129 штеки цигари без бандероли и дробен тутун

Двајца тетовчани Б.З.(65) и И.Р.(67) денеска околу 05:30 часот во Тетово, биле уапсени откако по контрола на нивните возила „голф“, биле пронајдени и одземени поголема количина филтри за цигари, цигари, дробен тутун и слично.

„При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички. Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари“, велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот