Уапсен Сириец за вчерашниот напад на фестивалот во Германија
Припадниците на елитната команда за специјални операции (СЕК) извршија рација во Центарот за сместување бегалци во Солинген како дел од потрагата по напаѓачот кој вчера вечерта уби три лица и рани осум на фестивал во центарот на градот.
Препорачано
Според непотврдени првични информации, уапсен е Сириец, пренесува Билд. Центарот за сместување на баратели на азил е на само 300 метри од Фронхоф, местото на вчерашниот напад, а на 150 метри од местото каде истражителите попладнето пронајдоа оружје – нож со кој атентаторот убил три лица, а тешко ранил осум вчера вечерта.
Како што дознава БИЛД, полициското куче ги водело истражителите директно од местото каде што е пронајден ножот до домот за баратели на азил. Специјалната единица потоа ја опколила зградата и конечно упаднала во 20 часот и 18 минути.
Оттогаш, неколку жители на Центар се сослушани.
Потсетуваме, три лица загинаа, а осум се ранети во напад со нож што се случи вечерта на 23 август на Фестивалот на различностите, кој се одбележува на 650-годишнината од основањето на градот Солинген. Првите информации беа дека непознат маж избодел неколку лица на централниот градски плоштад.


