Уапсен руски војник осомничен за велепредавство

Руската федерална служба за безбедност уапси војник на Црноморската флота во Севастопол под сомнение дека откривал информации што претставуваат државни тајни.

– Федералната служба за безбедност во Севастопол уапси војник на Црноморската флота, кој собираше и пренесуваше информации, што претставуваат државна тајна, до генералниот директор за разузнавање на украинското Министерство за одбрана, се наведува во соопштението на Федералната служба за безбедност во Севастопол.

Осомничениот војник може да добие затворска казна од 12 до 20 години, а истрагата за случајот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот