
Уапсен Раде Трајковски – Штекли, потврди МВР
Уапсен е Раде Трајковски – Штекли, познат лик од скопското подземје потврдија од Министерството за внатрешни работи. Тој бил уапсен по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба на ОЈО за ГОКК е лишено од слобода – потврдија од МВР за Слободен печат.
Пред два месеци се случи експлозија во домот на Штекли во Ќерамидница, кога тој беше полесно повреден, а тоа беше трет пат тој да биде мета на напад.
Пред повеќе од една година Трајковски беше нападнат во „Ист гејт“ и беше сериозно повреден, а рането беше уште едно лице, пријател на Штекли.
Во нив пукаше лице со бел дуксер и бејзбол капа кого го имаа снимено безбедносните камери на трговскиот центар. Лицето седеше во обложувалница, а потоа се упати до елеваторот и пукаше кон двајцата додека се симнуваа.
Два месеца претходно Штекли исто беше мета на напад во гаражата ан „Ист гејт“, но тогаш остана неповреден делумно и поради тоа што се возел во блиндирано возило.
Сепак, пукањето од страна на засега непознати лица, чие возило потоа е најдено запалено кај езерото Треска, се толкуваше како порака што одредена криминална група сака да ја испрати.
Нападите кон Штекли почнаа по двојното убиство на Јетон Кривањева-Жила и Енес Исеинов-Љаци од криминалната група „Дуќанџик“ која се поврзува со групата „Грчец“.
Спротивставена група е релативно новата група „Барон“ кои се поврзани со групата „Беланоца“, чиј водач Фарљум Ајети-Тоте е во „Идризово“. Дел од припадниците оваа група пред извесно време беа уапсени во голема полициска акција против „Беланоца/Барон“. Релациите на Штекли упатуваат на негова поврзаност токму со оваа група.