Џои Бартон/ EPA/Alex Livesey /

Уапсен поранешен фудбалер на Манчестер сити и Њукасл, учествувал во тепачка во голф-клуб

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити и Њукасл, Џои Бартон (43), е уапсен поради сомнение за нанесување телесни повреди по наводна тепачка во еден голф-клуб. Инцидентот за кој е обвинет се случил во неделата, на 8 март, во вечерните часови во спортскиот објект во регионот на Мерсисајд, по што локалната полиција интервенирала и го привела.

Според пишувањата на „Дејли мејл“, Бартон е еден од двајцата мажи кои беа приведени по судир во близина на голф-клубот Хајтон и Прескот. Наведено е дека итните служби биле повикани откако бил пријавен напад. Конфликтот според информациите почнал внатре во клубот, па подоцна се префрлил и надвор од него каде што ситуацијата ескалирала, па се користеле и разни предмети.

Портпаролот на полицијата на Мерсисајд потврди дека има уапсени лица.

Можеме да потврдиме дека две лица се уапсени по пријава за напад во Хајтон во неделата, 8 март. Околу 21 часот итните служби беа повикани на адресата Фервеј по пријава дека маж бил нападнат во близина на голф-клубот Хајтон и Прескот. Жртвата беше пренесена во болница за процена на повредите на лицето и ребрата. Маж на 50 години и маж на 43 години се уапсени под сомнение за нанесување повреди. Двете лица се задржани во притвор каде ќе бидат сослушани од детективи. Истрагата за инцидентот е во тек, стои во соопштението од полицијата.

Наводниот настан се случил еден ден откако Бартон се врати на стадионот „Сент Џејмс Парк“ за да го следи натпреварот од петтото коло на ФА Купот меѓу Њукасл и Манчестер сити, неговите два поранешни клуба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот