Уапсен петтиот осомничен за наводниот планиран напад на катедралата во Келн

Фото: EPA/EFE / Filip Singer

Властите во Германија информираа дека уапсиле уште еден осомничен во врска со наводната закана за напад на познатата катедрала во Келн за време на празниците, со што вкупниот број на приведени во врска со случајот се искачи на пет.

Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, беше приведен во синоќа во западниот град Бохум во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен маж и сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа.

Четворица осомничени беа приведени во различни градови низ Северна Рајна-Вестфалија, а лицето кое беше уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец.

Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот би можел да биде извршен на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив, а надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот