Уапсен човекот кој се закани дека ќе ги убие свештениците во црква во Ниш

Српска полиција/ Фото: МИА

Српската полиција брзо реагираше, го идентификуваше и го уапси човекот осомничен дека оставил заканувачко писмо во Соборната црква во Ниш, со порака дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив.

Според неофицијални информации, станува збор за маж од околината на Ниш, кој се сомничи дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста, објавија српските медиуми.

Инаку маж со долга коса со ранец на грбот е снимен како во неделата на 7 мај влегол во храмот во Ниш, се поклонил и ја бакнал иконата, а потоа влегол во олтарот, каде оставил писмо во кое се заканува дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив.Тој влегол во олтарот кога во црквата имало крштевање.

„Нема да лаам, туку ќе направам масакр и тоа поголем од Младеновац“, насилството во Србија не запира, уапсен 53 годишен белграѓанец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот