„Нема да лаам, туку ќе направам масакр и тоа поголем од Младеновац“, насилството во Србија не запира, уапсен 53 годишен белграѓанец

Српска полиција / Фото: ЕПА

Според наредбата на Јавното обвинителство, судот му одреди притвор на 53 годишен белграѓанец, со иницијали Л.Н. поради заканите што ги упатувал на работното место: „Нема да лаам, туку ќе направам масакр овде и тоа поголем од Младеновац, објави Нова.рс.

При претресот во куќата на осомничениот, пронајдена е муниција и тоа куршуми калибар 7, калибар 84, калибар 62 мм, соопшти обвинителството.

Според решението на обвинителството во Белград, тој се товари за загрозување на безбедноста, недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.

Во врска со ова, по распитот на осомничениот, обвинителството предложи триесетдневен притвор, бидејќи постојат посебни околности кои укажуваат дека тој ќе се меша во постапката, со влијание врз сведоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот