Уапсен кратовец кој извршил обљуба на малолетничка

Фото: илустрација/архива на Слободен печат

Дваесет и тригодишен кратовчанец бил приведен од полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово поради сомнение дека обљубил малолетничка.

– Во текот на вчерашниот ден, 7 декември 2023 година, во 16.45 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода дваесет и тригодишниот К.Г. од Кратово кој се сомничи дека упатил закани кон малолетничка од Куманово, со која претходно бил во љубовна врска. Истото лице се сомничи и дека извршило полови дејствија врз неа, информира Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Кратовчанецот К.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот