Уапсен кичевски насилник, со пиштол ѝ се заканувал на 30 години помлада „пријателка“ од Романија

Фото: mia.mk

51-годишен жител на Кичево бил уапсен вчера попладне откако физички нападнал и до огнено оружје ѝ се заканувал на 22-годишна девојка од Романија, која му била пријателка, соопшти МВР.

„На 29.11.2022 во 15.00 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Џ.А.(51) од Кичево. Тој се сомничи дека физички ја нападнал и со огнено оружје се заканувал на неговата пријателка И.К.Т.(22) од Романија. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава” калибар 9 милиметри и 155 куршуми за пиштол, калибар 15 милиметри“, велат од полицијата.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, а за настанот бил известен Центарот за социјални работи Кичево, од чија страна се преземени мерки за згрижување на жртвата. По целосно документирање на случајот, против кичевецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот