УАПСЕН КАНИБАЛИСТ ВО РУСИЈА: Пијаните пријатели ги исечкал на парчиња, а потоа се гостел со нив

Фото: Принтскрин/gtrkPomorie

Руската полиција уапси маж, за кои тврдат дека е „канибал“, откако претходно најдоа делумно изедени тела на три жртви на убиство. Остатоците на три личности се наједни во регионот Архангелск, на северот на Русија, заедно со остатоци од исечено куче, мачка и птици, објави „Дејли меил“.

Мажот на 51-годишна возраст, чие име не е објавено, наводно со нож ги убил тројцата пријатели, кои заспале. Се претпоставува дека претходно тој ги опил, со намера да ги изеде.

Рускиот истражен комитет соопшти дека мажот телата ги исекол на парчиња пред да почне да ги јаде, а остатоците ги фрлил во локалната река. Убиствата се случиле меѓу март 2016 година и март 2017 година.

На лекарскиот преглед е констатирано дека уапсениот маж е во добра психичка состојба. Според пишувањата на медиумите, обвинетиот по убиствата живеел во станот на една од неговите жртви, а на родителите на починатото лице им соопштил дека нивниот син нашол работа во друг град.

– Истата приказна уверливо им ја раскажал и на полицајците кои трагале по исчезнатиот – стои во соопштението.

Две од жртвите немале семејства, што му овозможило на монструозниот убиец да го сокрие своето криминално дело. Според зборовите на надлежните, на надлежните им било потребно многу време за да ги идентификуваат жртвите.

– Со оглед на тоа дека се најдени само делови и и остатоци од телата, со што практично се исклучува можноста за стандардна идентификација, тие успеале да ги идентификуваат луѓето со комбинација на повеќе сложени анализи – стои во соопштението на комитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот