Пожар / илустрација / Фото: ДЗС

Уапсен е жител на Велешко, го фатиле како со запалка потпалува сува трева

Синоќа во велешкото село Горно Оризари, уапсен е 46-годишниот Е.Л., кој бил фатен на дело како со запалка потпалува сува трева на отворен простор, по што избувнал пожар. Веднаш по избувнувањето на пожарот, интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, која успеала брзо да го локализира и изгасне огнот, информираат надлежните.

Осомничениот бил однесен во полициската станица, а за случајот бил информиран јавен обвинител. Од МВР велат дека ќе му биде поднесена пријава.

Инаку, од 15 пожари на отворен простор, колку што имало во текот на денешниот ден на територијата на државата, до вечерва, заклучно со 18:30 часот, активен е само еден, кај селото Тумчевиште, во Општина Врапчиште, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола, според ЦУК, се ставени три пожари, а 11 се изгаснати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот