Уапсен е шефот на Кавачкиот клан

Тој е уапсен е под сомнение за организирање на криминална група која извршила и планирала неколку тешки кривични дела, за што му се заканувал затвор до 40 години, пишува подгорички „Вијести“.

Наводниот водач на црногорскиот криминален Кавачки клан, Слободан Кашчелан е уапсен синоќа.

Тој е уапсен е под сомнение за организирање на криминална група која извршила и планирала неколку тешки кривични дела, за што му се заканувал затвор до 40 години, пишува подгорички „Вијести“.

Според изворот, тој и тројца наводни членови на групата се уапсени во полициска акција која била спроведена во Котор и во Пљевље.

Властите дошле до сознание дека криминална група која на 22 јануари годинава го планирала убиството на Слободан Кашчелан, задачата му ја доверила на убиецот Мило Јовановиќ, кој сега добил статус на соработник сведок во овој случај.

Според весникот „Данас“ секој член на криминалната организација користел заплашување и насилство.

Како што е откриено, организаторот на криминалната група, која планирала ликвидација на шефот на Кавачкиот клан, но и Веља Невоља и на Марко Миљковиќ, е осомничен за создавање на криминална организација за сторено неопределен број убиства, недозволено држење оружје и распрскувачки материи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот