Уапсен директорот на ХРТ

Во тек е нова голема акција на хрватската полицијата и УСКОК. Како што дознава Јутарњи.хр, полицијата рано утрово „тропнала“ на вратите на неколку лица во Загреб по налог на УСКОК. Индекс известува дека извршниот директор на ХРТ, Казимир Бачиќ е уапсен.

Бачиќ, според медиумите е осомничен заради извршување коруптивни кривични дела, главно поврзани со работите на градската администрација во Загреб.

Според неофицијални информации, станува збор за сомневања за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација, на крајот на минатата година и во првата половина на оваа година.

Наводно, неколку славни личности, се меѓу уапсените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот