Фото: ФФМ

У15: Македонија поразена од Велс на турнирот во Италија

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на нации што се одржува во Италија.

По стартната победа во дуелот со Молдавија, избраниците на селекторот Горан Станковски доживеаја пораз од 2:1 во соочувањето со Велс.

Противникот двата гола ги постигна во првиот дел, а единствениот погодок за Македонија беше дело на Велшкиот репрезентативец, Ануадике кој во 61 минута ја погоди сопствената мрежа.

Во последното коло Македонија за противник ја има селекцијата на Шкотска, а почетокот на натпреварот е закажан за 11.00 часот.

МАКЕДОНИЈА – ВЕЛС 1:2

СТРЕЛЦИ: 0:1 23′ Ифан Хардинг, 0:2 Џереми Дејтон 34′ 1:2 61′ Ноа Ануадике (автогол)

МАКЕДОНИЈА: 12. Јован Даноски, 2. Адел Мустафи (17. Јетмир Асани 56), 3. Ејман Емини, 4. Давор Танески (11. Јоан Ѓорѓиевски 46), 5. Дин Рожајац, 6. Калин Аврамовски, 7. Драган Петков (20. Васко Трајков 56), 9. Мубин Мустафа (19. Дијар Алиу 56), 10. Доротеј Христов (8. Павел Димоски 56), 13. Амар Незири, 14. Фисник Амити (15. Горазд Ристоски 66).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот