Твитерџиите се сигурни дека во ова видео Меланија јавно покажала што мисли за Иванка Трамп (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Снимката на која се гледа изразот на лицето на Меланија Трамп кога Иванка Трамп, ќерката на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, помина покрај неа, почна да се шири на социјалните медиуми, а некои твитерџии заклучија дека е многу очигледно дека Меланија не може да ја поднесе Иванка.

На социјалните мрежи се споделува дел од снимката направена на сцената на Републиканската национална конвенција овој четврток, на која беше снимен присилниот поздрав што Меланија го испрати до Иванка.

Додека Иванка и се приближуваше, Меланија широко се насмевна, но штом таа помина, нејзиниот израз се заледи.

Корисниците на социјалните мрежи не можеа а да не ја забележат оваа реакција, па дури и да се пошегуваат на нејзина сметка.

„Изгледа дека Меланија не ја сака Иванка“. „Дали Меланија ги превртува очите кога ќе ја види Иванка“, „Гледам дека Меланија и Иванка „многу добро“ се согласуваат“ и сл.

Ова не е првпат да се нагласува нивното ривалство, пишува Дејли Мејл. Меланија беше особено лута кога Иванка Трамп се истакнуваше на инаугурацијата на Доналд Трамп, бидејќи сметала дека тоа е исклучиво за Доналд, а не за неа.

Овие две дами никогаш заедно не организирале никаква иницијатива или настан, а во јавноста ретко може да се забележат заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот