Твитер ги отстранува налозите кои промовираат други социјални платформи

Илон Маск Твитер/ Фото: Peter Kov / Alamy / Alamy / Profimedia

Твитер најави дека ќе ги отстрани налозите кои се создадени исклучиво со цел да се промовираат други социјални платформи и содржини што содржат линкови или кориснички имиња.

Овој чекор ќе се однесува на содржините од социјалните платформи како Мета – Фејсбук и Инстаграм платформите, како и Mastodon, Truth Social, Tribel, Nostr и Post, а сепак ќе дозволува објавување со поврзување содржини од која било друга социјална мрежа, пренесува Ројтерс.

Како што објави поддршката на тој социјален медиум на Твитер, видео платформата ТикТок е изземена од оваа мерка.

-Сè уште дозволуваме вкрстено објавување содржини од која било платформа за социјални медиуми. Објавувањето врски или кориснички имиња на платформи за социјални медиуми кои не се наведени погоре, исто така, не ја прекршуваат оваа политика.

Минатата недела Твитер го распушти Советот за доверба и безбедност, волонтерска група формирана во 2016 година за да ја советува социјалната платформа.

Промената на политиката следи по другите хаотични акции на Твитер откако Илон Макс, кој е и извршен директор на Тесла, ја купи социјалната мрежа. Тој го отпушти целиот менаџерски тим, како и околу половина од вработените, додека размислуваше колку да наплати за претплатата на услугата Blue на Твитер.

Маск исто така ги суспендираше сметките на неколку новинари поради контроверзите околу објавувањето на јавни информации за неговиот авион.

Тој ги врати нивните сметки по критиките од владини претставници, борци за човекови права и новинарски организации од повеќе делови на светот, а некои дури изјавија дека Твитер ја загрозува слободата на медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот