Турскиот Министер за одбрана во Вашингтон: Очекуваме нашите партнери да ги исполнат своите обврски

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар изјави дека Анкара очекува осумте земји партнери на проектот за развој на воените авиони „Ф-35“ да ги исполнат своите обврски.

„Како стратешки партнери, ќе продолжиме да работиме на економијата и безбедноста“, изјави Акар за Агенцијата „Анадолу“ по состанокот со неговиот американски колега Патрик Шанахан во Вашингтон, на кој дискутираа за неодамнешните политички и воени случувања.

Акар за Анадолу изјави дека САД ѝ го претставиле на Турција новиот предлог за воздушните и ракетни одбранбени системи.

Тензите меѓу САД и Турција се зголемија во текот на изминатите месеци, кога Турција започна да го добива рускиот напреден ракетен систем за одбрана „С-400“, за кој Вашингтон вели дека ќе ја загрози улогата на Турција во програмата на борбените авиони на петтата генерација „Ф-35“ и кој би можел да предизвика санкции од Конгресот.

По продолжените безуспешни напори за купување на системот за противвоздушна одбрана од САД, Анкара во 2017 година одлучи да го купи рускиот систем „С-400“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот