Турски државјанин шверцувал сонародници

Мигрантите и се уапсени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера на aвтопатот Демир Капија – Неготино, во непосредна близина на ТЕЦ „Неготино“, околу 13.30 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „сеат леон“, со штипски регистарски ознаки, управувано од A.O.(20) од Турција, удрило во оградата на автопатот.

При извршената контрола на патниците во автомобилот се пронајдени три лица мигранти од Турција.

Во непосредна близина се затекнати уште две лица од Турција, со патничко возило „пежо 307“, со штипски регистарски ознаки, за кои постои основано сомнение дека се вклучени во криумчарење на мигранти.

Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот