Турист одбил да плати 580 евра за кафе во Будимпешта, сопственичката на локалот уапсена

Унгарската полиција спроведува решителна акција против алчните сопственици на угостителски објекти кои „ограбуваат“ туристи, наплаќајќи им по вртоглави цени.

Во паб во центарот на градот келнерите биле уапсени на дело кога германски турист одбил да плати 210.000 форинти (околу 580 евра) и кому поради тоа дури и му се заканувале.

Полицијата ги уапсила и сопственичката на ресторанот и нејзиниот син, па тие ќе бидат изведени пред истражен судија.

Туристот раскажал дека сакал само да се напие кафе, а келнерите постојано носеле пијалаци кои тој не ги нарачувал, а кога одбил да плати, му се заканувале дека ќе повикаат полиција и дека ќе му наплатат уште и трошоци за преведувач.

Поплаките против угостителите кои не се двоумат да ги „ограбуваат“ туристите може редовно да се читаат на туристичките форуми.

Впрочем, полицијата веќе извесно време го следела споменатиот паб и сега добила можност да го фати персоналот. Истите сопственици водат уште два локала во Будимпешта, од кои едниот е во најпознатата улица „Ваци“, популарно шеталиште за туристите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот