Турција одлучи да го ограничи извозот на стоки во Израел

Фото: Profimedia

Турција денеска го ограничи извозот на стоки во Израел како одговор на војната во Газа, соопшти турското Министерство за трговија информирајќи дека ограничувањето се однесува на производите од челик, железо и алуминиум.

– Оваа одлука ќе остане во сила додека Израел не прогласи итен прекин на огнот и не дозволи испорака на хуманитарна помош во Газа, се вели во соопштението на Министерството.

Анкара вчера соопшти дека Израел го блокирал барањето на Турција за транспорт на хуманитарна помош во Газа.

– Нема никакво оправдување за Израел да го блокира нашиот обид да испратиме помош со падобран за гладните жители на Газа, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

– Одлучивме да преземеме серија нови мерки против Израел, додаде тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја осуди израелската војна против Хамас во Појасот Газа и постојано го нарекува Израел „терористичка држава“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот