Хиперсонична турска ракета - Принтскин

Турција ја претстави својата прва хиперсонична ракета

Турција ја претстави својата прва хиперсонична ракета „Тајфун Блок-4“ во вторник, додека одбранбениот гигант „Рокетсан“ претстави шест нови напредни системи на меѓународниот саем за одбрана IDEF 2025 во Истанбул, објави „Анадолу“.

Балистичката ракета „Тајфун Блок-4“ е хиперсонична верзија на ракетата „Тајфун“, балистичката ракета со најдолг дострел произведена дома во Турција.

„Тајфунот Блок-4 постигнува долги дострели, поставувајќи уште еден рекорд за турската одбранбена индустрија. Со тежина од над седум тони, оваа нова верзија на Тајфунот, со својата повеќенаменска боева глава, ќе биде способна да уништи бројни стратешки цели, како што се системи за воздушна одбрана, командни и контролни центри, воени хангари и критични воени објекти, од поголема далечина“, се вели во соопштението на Рокетсан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот