Тунџев од СДСМ: Се градат 180 километри автопати, 574 стана, а гасоводот ја помина Битола

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев остануваат целосно посветени на развој и унапредување на инфраструктурата, а потврда за тоа е и Буџетот за 2021 година, каде капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20 проценти повисоко во однос на минатата година, рече Борис Тунџев, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ на денешната прес-конференција. 

– Оваа година се градат и реконструираат патишта, улици, се поставуваат канализациски и водоводни системи, се градат социјални станови, се градат и реконструираат училишта и градинки низ целата држава. Во моментов 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава. Се градат над 59 километри автопати, над 104 километри експресни патишта и 20 километри локални патишта. Планирани се нови 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 12,7 милиони евра. Истовремено, во тек се 30 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од околу 14 милиони евра – рече Тунџев.

Тој додаде и дека продолжува се градат вкупно 574 станови во 7 општини, а  планирана е изградба на уште 5 згради со вкупно 202 станови за ранливите категории на граѓани.

– Со одлично темпо се реализира и процесот на гасификација. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен, како и кон Тетово и Гостивар. Токму инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти се гарант за рестарт на македонската економија, но и гарант за поквалитетен живот за сите – рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот