ТУКА СЕ СОКРИЈА Меган Маркл и принцот Хари: Божиќ од бајките! (ФОТО)

профимедиа

Додека сите ги критикуваат, тие максимално уживаат…

Војводата од Сасекс принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја прекршија долгогодишната традиција кога одлучија Божиќ да не го поминат со кралското семејство, туку да се упатат на одмор со својот син Арчи.

Иако се шпекулираше дека божиќните празници ќе ги поминат со мајката на Меган – Дорија Рагланд, парот сепак одлучи овие денови да се искористат за апсолутна приватност, па на никој не откриле каде точно ќе го поминат шестнеделниот одмор.

Но, острото око на папараците ги забележа членовите на обезбедувањето на Меган, кои не се одвојуваат од неа, и тоа на островот Ванкувер, на западната обала на Канада.

Го сликале и местото на кое кралскиот брачен пар одлучи да вечера – ресторан како од бајките, целосно накитен и инспириран од празничната еурофорија која моментално владее во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот