Трпковска: Како може некој да убие дете и 6 месеци да јаде?

Доживотен затвор за убијците на 26-годишниот Пинета Секондо побара денес мајка му Маја Трпковска по распитот во Обвинителството. По два часа, мајката повеќе не можела да издржи да зборува за убиството, па распитот бил прекинат со најава да продолжи кога Трпковска ќе собере сила повторно да зборува. Со растреперени раце и на работ на солзи Трпковска по распитот, во изјава за медиумите рече дека луѓето од одделот за исчезнати лица од МВР, кои шест месеци ништо не откриле, треба да бидат избркани од работа, објави А1.он.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот