Тројца прогласени за винoвни за убиството на афроамериканецот Амад Арбeри во Џорџија

Суд од Брунсвик, Џорџија, прогласи за виновни тројца мажи за убиството на Амад Арбeри што се случи лани во февруари/ Фото: ЕПА

Суд од Брунсвик, Џорџија, прогласи за виновни тројца мажи за убиството на Амад Арбeри што се случи лани во февруари.

Травис Мекмајкл (35), неговиот татко Грегори Мекмајкл (65) и нивниот сосед Вилијам Браун (52), беа судени истовремено поради пукањето врз Арбери (25), кого го сметале за натрапник кој бега после сторено злодело во соседството претежно населено од бели.

На судењето, од сигурносни камери се откри дека иако доаѓал неколкупати во соседството и влегувал во објект во изградба, Арбери не сторил никаква кражба.

Откако бил виден повторно како шета по соседството, на денот на убиството тројцата започнале потрага по него и го гонеле со возило. Арбери, невооружен и облечен во влечки, се обидел да избега од нив, но Макмајкл помладиот пукал во него со сачмарка. Браун пак се обидел да го сними настанот.

Мајката на Арбери на судењето изјави дека нејзиниот син имал „дупка во градите”.

Обвинителката Линда Дуникоски, успешно покажа дека тројцата започнале линч оти погрешно претпоставиле дека тој направил злодело и донеле одлука да го нападнат бидејќи бил „црномурст човек кој бега по улицата”. Одбрана се обидуваше да покаже дека тие дејствувале во рамките на регуларна „граѓанска полиција” и мислеле дека тој извршил злодело.

Афроамериканската заедница во Џорџија е задоволна од пресудата.

Мекмајкл е прогласен за виновен по девет точки, најсериозната, свирепо убиство. Татко му, како и Брајан се прогласени за виновни по осум точки.

Сите тројца се соочуват со доживотен затвор.

Извор:МИА

Видео на денот