Трик кој и Меган Маркл го користи: Оваа фризура гарантирано ќе ве подмлади (фото)

Познатиот фризер Џеј Бирмингам објаснува дека оваа фризура е „инстант фејслифтинг“

Меган Меркл е позната по својата „неуренда“ и најобична пунџа, и токму со оваа фризура најчесто се појавува во јавност.

Меѓутоа, неодамна имавме прилика да ја видиме и со пунџа во балерина стил, затегната на врвот на главата, а изгледа дека тоа не е случајно.

Познатиот фризер Џеј Бирмингам објаснува дека оваа фризура е „инстант фејслифтинг“, односно дека прави личноста да делува помладо, но и послабо. Тој додава и дека оваа фризура е идеална фризура за прилики кога сакате да изгледате посвежо, а во исто време и елегантно.

„Оваа фризура ја влече кожата кон горе во зависност од тоа колку цврсто е собрана косата во пунџа, и ви дава моментално затегнување на лицето“, вели фризерот, додавајќи дека открива дека ваквата пунџа прави да изгледате и послабо бидејќи косата е тргната од лицето, а со затегнување на косата се затегнува и лицето, па дури и подбрадокот.

Џеј истакнува дека оваа фризура токму поради тоа ја сакаат и трудниците, бидејќи изгледаат малку послабо, па затоа доколку сте бремени задолжително пробајте го овој трик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот