Триесет ординации немаат добиено капитација од декември лани

матични лекари протест (1)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Вкупно околу триесет ординации во Македонија месецов немаат добиено капитација за јануари, а со тоа се доведуваат на раб на егзистенција цели семејствата. Неисплаќањето на капитација значи дека не може да се исплатат плати и тековни трошоци, вели претседателката на сојузот на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова.

Според нејзините информации дел од ординациите на кои не им се исплатени капитации, го имаат надминато ограничувањето за издавање рецепти, додека пак, други не добиле капитација поради софтверски проблем.

– Тоа е апсуртд. Ние се јавивме во фирмата „Некст сенс“ од каде што добивме информација дека нема апсолутно никаков проблем. Од друга страна, да се казни доктор поради тоа што многу работи е невиден скандал. Ако некој доктор издал повеќе рецепти од дозволеното, тоа значи дека имал многу пациенти кои не сакал да ги препраќа во болница, туку сакал да им помогне и за тоа треба да биде награден, а не казнет. Дополнително, ние имаме договор со ФЗОМ дека за време на пандемија не треба да се ограничува препишувањето на антибиотици, објаснува Чолакова.

Поголемиот дел од амбулантите на кои не им е исплатена капитација од декември 2021 година, се од Скопје, но има и од другите градови.

Чолакова вели дека не треба да се заборави дека изминативе две години за време на пандемијата, овие доктори сопствениот живот го ризикувале помагајќи им на своите сограѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот