Тричковски и АЕК Ларнака против Вест хем во Лигата на конференции

фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Со жрепка во Нион се дознаа осминафиналните парови во Лигата на конференции, АЕК Ларнака од Кипар на поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски ќе има англиски предизвик, Вест хем.

АЕК Ларнака ќе биде домаќин на првиот натпревар кој ќе се игра на 9 март, а реваншот е една недела подоцна во Лондон.

Лацио за противник го доби холандскиот АЗ Алкмаар, додека Базел кој го елиминираше Трабзонспор на Енис Барди ќе ги одмери силите со Слован Братислава од Словачка.

Се очекува да биде интересно и во двомечот АндерлехтВиљареал, додека молдавскиот Шериф Тираспол ќе се соочи со француската Ница.

Потсетување дека финалето сезонава во Лигата на конференции ќе се игра на 7 јуни во Прага.

Лига на конференции 2022/2023

Осминафинале, двојки

АЕК Ларнака – Вест хем
Фиорентина – Сиваспор
Лацио – АЗ Алкмаар
Лех Познањ – Дјургарден

Базел – Слован Братислава
Шериф Тираспол – Ница
Андерлехт – Виљареал
Гент – Истанбул Башакшехир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот