Конференциска лига: Барди и Трабзонспор елиминирани, Тричковски со АЕК обезбеди осминафинале

Фото: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Заврши европската сезона за македонскиот репрезентативец, Енис Барди откако вечерва неговиот Трабзонспор не успеа да ја сочува предноста од 1:0 од првиот натпревар и на гости кај Базел беше поразен со 0:2.

Има за што да жали Трабзон затоа што во 27-тата минута не реализираа пенал за изедначување, Базел претходно дојде до водство со голот на Амдоуни. Освен промашениот пенал, еден гол на турскиот гигант беше поништен по прегледувањето на ВАР. На крајот стигна казната со голот на Заќири во судиското продолжение.

Барди ги одигра последните десет минути од средбата.

Иван Тричковски, пак, со својата АЕК Ларнака ќе игра во осминафиналето откако ремизираше без голови на гостувањето против Дњипро. Сето тоа доволно за пласман понатаму по победата од 1-0 на првиот натпревар во Ларнака. Тричковски, за разлика од првата средба на Кипар, сега остана на клупата за резервни фудбалери кај АЕК.

Останати резултати:

Клуж – Лацио 0:0 (0:1)

Андерлехт – Лудогорец 3:1 (0:1) продолженија

Партизан – Шериф Тираспол 1:3 (1:0).

Лех – Бодо/Глимт 1:0 (0:0)

Фиорентина – Брага 3:2 (4:0)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот