Трибунал во Хаг: Красниќи изведен пред судија на претходна постапка

Фото: EPA-EFE/Phil nijhuis

Екс претседателот на косовскиот Парламент и поранешен портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи денеска е изведен пред судија на претходна постапка на Специјализираните совети на Косово во Трибуналот во Хаг за да се запознае со обвинението што го товари за голем број на воени злосторства на Косово.

На рочиштето присуствуваат и специјализираниот обвинител Џек Смит и неговите помошници, додека бранителот на Красниќи учествува преку видео врска од Куала Лумпур, бидејќи таа не беше во можност да дојде во Хаг поради ситуацијата со ковид-19.

Откако ќе му биде прочитано обвинението, судијата Николас Гилу ќе го повика Красниќи да се изјасни за виновен за обвиненијата против него. Тој може да се изјасни за виновен веднаш или во рок од 30 дена, на ново рочиште.

Красниќи е еден од четворицата обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото на ОВК во периодот меѓу март  во 1998 година и септември во 1999 година, заедно со Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои ќе се појават на суд подоцна денеска, утре и во среда, на посебни рочишта.

Како и другите тројца и тој е обвинет за командна и за индивидуална кривична одговорност за злосторства извршени од ОВК во Косово и северна Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот