Три „убавици“ на Меси и магичната „пета“ на Луис Суарез! (ВИДЕО)

фото:твитер

Во последниот натпревар од саботната програма во најквалитетното шпанско фудбалско првенство Барселона на својот „Камп Ноу“ со 5:2 ја совлада Мајорка.

Сите дилеми околу победникот беа познати уште после првото полувреме кога каталонскиот гигант постигна дури четири голови.

Гол-серијата ја започна Гризман во седмата минута од средбата, а асистент беше голманот Тер Штеген. Французинот им избега на дефанзивците и со еден убав потег го „матираше“ Реина.

Во 17. минута францускиот репрезентативец беше во улога на асистент, а Лионел Меси со својата лева нога упати еден „проектил“ за зголемување на предноста.

Кај гостите во чии редови уште еднаш не настапи Александар Трајковски поради повреда намали Будимир, но Меси повторно „распали“ со левата нога за уште една негова мајсторија на мечот.

Во 43. минута видовме уште едно ремек дело со „пета“ од страна на уругвајскиот интернационалец, погодок кој што уште долго ќе се гледа.

Во 64. минута кога хрватскиот интернационалец Будимир и по вторпат се запиша во листата на стрелците, додека Меси по додавањето на Суарез го комплетираше хет-трикот.

Барса повторно е на првото место на табелата во шампионатот со 34 бодови (41:18) колку што има и Реал Мадрид на втората позиција (32:11).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот