„Кралевите“ рутински на Бернабеу, Бензема му пресуди на Еспањол! (ВИДЕО)

фото:твитер

Реал Мадрид славеше со 2:0 во рамките од 16. коло во шпанската „Ла Лига“ на својот „Сантјаго Бернабеу“ против екипата на Еспањол.

Домаќините стекнаа предност во 37. минута Карим Бензема му асистираше на Варан, а овој од непосредна близина ја затресе мрежата на Лопез.

Еспањол во понатамошниот дел од средбата имаше неколку солидни шанси за израмнување, но мрежата на „кралскиот“ клуб мируваше.

Мечот беше решен во 79. минута, Валверде кој досега има одлична сезона, во прав момент го пронајде Бензема на кој не му беше тешко да ја смести топката во гостинската мрежа.

Треба да се напомене и дека од 83. минута Реал играше без еден играч на теренот, поради два жолти картони на Менди.

Но, и покрај тој хендикеп мадридскиот гигант се искачи на првото место на табелата со 34 бодови, пред Барселона (31) која својот меч ќе го има вечерва против Мајорка на нашиот Александар Трајковски.

Ла Лига, 16. коло

Сабота –

Реал Мадрид-Еспањол 2:0
16.00 часот Гранада-Алавес
18.30 часот Леванте-Валенсија
21.00 часот Барселона-Мајорка

Табела:

1.Реал Мадрид 34 бодови
2.Барселона 31
3.Севиља 30
4.Реал Сосиедад 26
5.Атлетик Билбао 26
6.Атлетико Мадрид 26

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот