Сиромаштија Германија / Фото: Jürgen Held / imago stock&people / Profimedia

Три милиони деца во Германија живеат во сиромаштија

Организациите и експертите предупредуваат дека сиромаштијата и социјалната нееднаквост во Германија се зголемуваат и дека три милиони деца живеат во сиромаштија.

Во Германија, која може да се пофали со социјална пазарна економија, сиромаштијата и социјалната нееднаквост се во пораст. Има се повеќе бездомници и деца кои живеат во сиромаштија. Затоа и Советот на Европа ја повикува земјата да преземе мерки.

Имено, Советот на Европа ја повикува Германија, која ги отвори вратите за бројните бегалци во 2015 година, да направи повеќе во борбата против тешките социјални услови во кои живее околу една петтина од населението во земјата.

Германската Влада малку ја зголеми социјалната помош поради немаштија, но не успеа особено во делот на станбената политика. Разликите во земјава се продлабочуваат.

Организацијата Тафел, со своите 60.000 волонтери низ Германија, се грижи вишокот храна што би завршила во ѓубрето да стигне до гладните, а нив ги има се повеќе.

– Имавме една влада 16 години, а друга последните две. Нема голема разлика меѓу нив. Особено не за луѓето погодени од сиромаштија. Имаше многу обиди да се подобри ситуацијата, но не успеаја, изјави Сабине Верт, основач на организацијата Тафел.

Пред три децении, 1,2 милиони деца живееја во сиромаштија во Германија, денес веќе се три милиони. Високото ниво на сиромаштија и социјалната сиромаштија се во спротивност со богатството на земјата, се вели во извештајот на Советот на Европа за Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот