Три изненадувачки причини зошто трчањето не е најдобра кардио активност

Трчањето нуди многу здравствени придобивки, како што се намалување на ризикот од рак, превенција од срцеви заболувања и губење на телесната тежина. Сепак, не сите уживаат во трчањето и покрај придобивките што ги носи за нашето тело и здравје.

Но, да ја погледнеме и другата страна – трчањето не е единствениот кардио тренинг кој може да го направите за да изгубите тежина или да ги „изгорете“ маснотиите. Всушност, трчањето можеби дури и не е најдобрата опција за слабеење. Еве три причини зошто.

Телото се навикнува на истата рутина

Ако ги правите истите тренинзи одново и одново, процесот станува полесен за телото. Истото важи и за трчањето. Колку повеќе се предизвикува со различни вежби, толку поефикасно вашето тело станува согорувач на маснотии. Телото се навикнува на една иста рутина на вежбање и со текот на времето, таа му станува „здодевна“, поточно не се вложува премногу за да ги согори мастите, туку таа рутина ја прифаќа како вообичаена.  Со други зборови, доколку трчате, ќе треба да трчате подолго отколку порано, за да продолжите да напредувате. За да се справите со ова прашање, можете да ја „зачините“ вашата рутинска работа со комбинирани тренинзи кои вклучуваат најмногу 30-на минути трчање, а останатото време да го потрошите на различни други кардио или фитнес вежби со краток, но висок интензитет.

Трчањето го лимитира согорувањето на калории

Вообичаено, секој може да согори од 300 до 500 калории со трчање. Сепак, откако ќе го завршите тренингот, вашиот метаболизам ќе се врати назад на ритамот во којшто беше пред да го започнете трчањето. Од друга страна, постојат многу вежби кои можат да го забрзаат вашиот метаболизам дури и откако ќе завршите со тренингот. Кратките, високоинтензивни комбинирани тренинзи даваат подобар резултат во споредба со трчањето. Тоа значи дека не само што ги согорувате калориите додека вежбате, туку ќе потрошите и повеќе калории откако ќе завршите со тренингот. Впрочем, интензитетот на тренингот го одредува количеството на потрошени калории, а не целокупното потрпшено време.

Долгочасовното трчање ве прави многу гладни

Истражувањата покажуваат дека долгочасовното вежбање ве прави повеќе гладни. Кога трчате подолго време, природно вашето тело сака да ги замени оние калории што сте ги потрошиле за време на тренингот со повеќе храна после тренингот. Затоа многу често се случува, после тренингот да внесете многу повеќе калории отколку што воопшто му е потребно на вашето тело, поточно до двојно повеќе од оние кои сте ги потрошиле на тренингот. Тоа е поради зголемениот апетит, па често иако сте трчале напорно, килограмите не сте ги симнале. И на ова прашање одговорот од фитнес тренерите е да не „запнувате“ со долгочасовно трчање со цел што повеќе калории да согорите, туку да го комбинирате умереното трчање со други различни фитнес активности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот