Три хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска

Но да се биде во врска со еден од овие хороскопски знаци е вистински предизвик и ретки се оние кои со нив можат да издржат на долги стази.

Нормално влијание има и подзнакот, па некојпат тие се поублажени.

БИК

И додека Биковите сами себе се доживуваат како силни, самостојни и самоуверени лица, другите најчесто ги гледаат како некој кој сам на себе си е доволен. Поради нивниот амбициозен и натпреварувачки карактер, некој кој е со нив во врска може да се чувствува како некој кој постојано го тестираат и му поставуваат нови предизвици со цел да се уверат дека е достоен, поради што најчесто на крајот завршуваат сами.

ДЕВИЦА

Иако Девиците се паметни, интересни и друштвени, она што ги кочи во врските е нивната емоционална резервираност. Ниту една врска не може да преживее без покажување на емоции, без оглед дали оние среќните или тажните.

ВОДОЛИЈА

Нивниот главен проблем е тоа што тие воопшто не бараат врска, туку предизвик. Луѓето кои можат да се опишат како „нормални“ не им се воопшто интересни како потенцијален партнер. Водолиите попрво би избрале партнер со проблеми и тогаш би се обидувале да го поправат, но никој не сака кога некој постојано се обидува да го промени па затоа најчесто брзо се оставени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот