Три хороскопски знаци со неверојатна интуиција, eден ве чита како отворена книга
Секому му се случува понекогаш да има силно претчувство, но кај одредени хороскопски знаци интуицијата е особено изразена, пишува „Атма“.
Препорачано
За силна интуиција, според астролозите, важна е поврзаноста меѓу асцендентот, дванаесеттото поле, како и влијанието на Плутон и Нептун. Сепак, клучно е и дали личноста знае да го препознае и да го следи својот внатрешен глас.
Интуицијата може да помогне при донесување одлуки, но без доволна емоционална и духовна зрелост, овие сигнали често се игнорираат или погрешно се толкуваат.
Според астролошките анализи, најсилна интуиција имаат Скорпија, Риби и Стрелец, секој на свој начин.
Рибите често „гледаат“ однапред преку соништа или силни претчувства. Тие лесно ги препознаваат знаците околу себе и важат за длабоко духовни личности. Нивното мото е „јас чувствувам“, а животот најчесто го водат токму според своите чувства. Доколку не го пронајдат внатрешниот мир, знаат да побегнат од реалноста, но ако работат на себе, можат да достигнат високо ниво на духовен развој.
Скорпиите имаат способност да „прочитаат“ човек само со еден поглед. Тие силно ги чувствуваат енергиите околу себе и длабоко ги доживуваат настаните, што им овозможува да предвидат што следува. Иако нивната интуиција е прецизна, понекогаш свесно ја игнорираат, бидејќи ги привлекуваат ризикот и возбудата, особено во љубовта.
Стрелецот исто така има силна интуиција, но не секогаш ја користи. Доколку постигне внатрешен баланс, може да ја развие оваа способност до висок степен. Неговата интуиција често предупредува на опасности, но и укажува на добри можности. Сепак, без внатрешна стабилност, тешко е правилно да се протолкува.


