Царините на Трамп / Фото: EPA-EFE/KENT NISHIMURA / POOL

Трговскиот претставник на ЕУ вели дека царината од 25 проценти на Трамп е неприфатлива

Откако претседателот на САД Доналд Трамп најави дека ќе воведе повисока царина која ќе изнесува 25  проценти за увоз на камиони и автомобили од Европската Унија, Бернд Ланге, претседателот на трговскиот комитет на Европскиот парламент одговори дека таквото однесување е неприфатливо.

Овој последен потег покажува колку е несигурна американската страна. Веќе бевме сведоци на овие произволни напади од САД во случајот со Гренланд. Ова не е начин да се третираат блиските партнери“, вели тој.

Тој во објава на Икс вели дека додека ЕУ ги исполнува своите обврски, американската страна продолжува да го крши договореното.

Трамп ги зголемува царините за автомобили од ЕУ на 25 проценти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот