Трговскиот дефицит на САД достигна нов историски рекорд

Дефицитот на надворешната трговија на САД достигна нов рекорд во март 2021 година, бидејќи државната финансиска помош за граѓаните ја стимулираше побарувачката на потрошувачите за странски стоки.

Новата рунда од 1.400 американски долари исплата по глава на жител за граѓаните и натамошен значителен напредок во закрепнувањето на домашната економија доведоа до зголемена нерамнотежа во трговската размена на стоки и услуги на САД со остатокот од светот на 74,4 милијарди долари, соопшти Министерството за трговија.

Ова е највисоко ниво откако во јануари 1992 година почна да се води таква евиденција и претставува раст од 57,6 проценти во споредба со истиот месец во 2020 година, како и зголемување во споредба со февруари кога дефицитот беше 70,5 милијарди долари, објави Си Ен Би Си. Надворешно трговскиот дефицит од почетокот на 2021 година до крајот на март е зголемен за речиси 10 отсто во однос на првиот квартал лани. Увозот е со раст од 8,5 отсто, додека извозот во тој период е намален за 3,5 отсто. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот