Тревога во Грција: Исчезна брачна двојка од Деспотовац, Србија

Преку социјалните мрежи семејството од Србија ги бара Мирко и Мила Милосављевиќ кои во неделата пристигнале во Паралија, но оттогаш им се губи секаква трага.
Во Грција моментално се трага по брачен пар од Деспотовац. Мирка и Миле Милосављевиќ не контактирале со децата од неделата кога пристигнале во Катерини Паралија, објавено е на Фејсбук групата Грција инфо.
Децата на брачната двојка контактирале со полицијата во Катерини и биле известени дека немаат информации дека нешто им се случило на овие лица.
„Затоа би ве замолил сите вас кои го читате ова и сте во Паралија, доколку ја видите оваа двојка, дајте им до знаење дека децата ги бараат и дека се загрижени. Дојдоа со црн помал автомобил БМВ од серијата БМВ и имаат таблички од Деспотовац, ДЕ-027-БХ“, се вели во соопштението.