Третообвинетиот во случајот „Рекет“ на издржување на затворската казна: Кичеец до полноќ треба да се јави во Шутка

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Зоран Милевски-Кичеец, третобвинет во случајот „Рекет“ до денеска на полноќ треба да се јави во затворот Шутка на отслужување на затворската казна од три години.

Кичеец го призна делото во случајот „Рекет“ и веднаш беше осуден на тригодишна затворска казна. Освен него, затворски казни во предметот добија и првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 (девет години) и поранешната шефица на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), Катица Јанева (седум години).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот