Тренерот на Струга, Шпетим Дуро: Ова беше убава и заслужена победа против Есперанж

фото: fcstruga.com

Тренерот на Струга Трим Лум, Шпетим Дуро е задоволен по победата од 3:1 над Есперанж во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига.

А секако среќен е и главниот напаѓач на актуелниот македонски шампион Бесарт Ибраими, кој беше главна фигура на оваа средба реализирајќи хет-трик.

– Во однос на играта, како и резултатот на денешниот натпревар, тоа е сосема заслужен резултат, првото полувреме нормално беше перфектно, имавме целосна контрола на натпреварот, постигнавме два гола, но можевме да постигнеме и трет гол. Во однос на второто полувреме, за жал примивме гол и секако имаше моменти кога екипата влезе во тензија, па со некои потези, со некои измени успеавме добро да ја контролираме ситуацијата, па го постигнавме и третиот гол. Јас сум на мислење дека тоа беше исклучително убава победа против екипа која имаше многу позитивни резултати и беше во овие моменти во многу добра форма – изјави Дуро.

Реваншот ќе се игра на 10 јули (четврток) во Луксембург со почеток од 20.00 часот.

– Нормално се чувствувам среќен поради денешните три гола, но најважно е што моите голови му служат на тимот и тоа ме прави уште посреќен. Што се однесува до играта, нормално, како што нагласи тренерот, целосно доминиравме во првото полувреме, второто полувреме не започна како што мислевме, но верувам дека повторно успеавме. Го постигнавме третиот гол, а покрај тоа имавме и многу шанси, па мислам дека на крајот заслужено остваривме победа – се зборовите на Ибраими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот