ВИДЕО: Европскиот хет-трик на Бесарт Ибраими крунисан со „паненка“

Фудбалерите на Струга Трим Лум/фото: F.C. Struga

Струга Трим Лум е поблиску до пласман во плеј-офот на Конференциската лига, по победата од 3:1 на домашен терен во Скопје против Есперанж.

Реваншот ќе се игра на 17 август во Луксембург, а победникот во овој двомеч во плеј-офот ќе игра со поразениот од дуелите меѓу Зрињски (Босна и Херцеговина) и Бреидаблик (Исланд) во третото квалификациско коло на Лига Европа.

Еден од најзаслужните за денешниот триумф на актуелниот македонски шампион беше феноменалниот Бесарт Ибраими постигнувајќи ги сите три гола за неговата екипа.

Првите два гола ги постигна во 23 и 40 минута, а хет-трикот го комплетираше во 77 минута со убава „паненка“.

Учинонот на 36-годишниот напаѓач Ибраими во ова европско лето е веќе шест постигнати голови, два имаше во дуелите против Будуќност од Црна Гора и уште еден против литванскиот Жалгирис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот