Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Атанасов: Покажавме дека можеме да играме добра кошарка

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Прва победа за МЗТ Скопје Аеродром во вториот меч сезонава во АБА 2 лигата, откако на средбата во Суботица во македонскиот дуел беа подобри од големиот домашен ривал Пелистер (91:78).

По стартниот пораз од Цедевита (79:92), тренерот на МЗТ, Васко Атанасов беше задоволен од перформансите на неговите играчи.

– Еден добар натпревар за нас, пред сè офанзивен. И еден добар меч за нас, бидејќи игравме еден од нашите најдобри играчи, Марко Баковиќ. Екипата сè созема после таа повреда и после првиот пораз на „балонот“ и денеска покажавме дека можеме да играме добра кошарка – рече Атанасов по завршувањето на мечот.

Следниот турнир од ова регионално натпреварување ќе се игра на Златибор (Србија) за точно еден месец, каде што МЗТ ќе ги одмери силите со Хелиос, Сутјеска и Борац Бања Лука.

За пет дена во шампионатот МЗТ ќе има нов дуел против битолски Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот