„Трчај бе“, прва градска трка во Битола (ФОТО)

Трчањето како начин на живот, а трката како шлаг во Битола

Целата идеја започна минатата година, кога таа група ентузијасти кои професионално се во некои сериозни професии, а го сакаат трчањето, се запраша како да го натера градот кој е познат по маратонски седење и пиење на кафе по Широк Сокак да почне рекреативно да трча.

И зошто Битола како многу други градови во државата нема своја трка?

Така започна оваа идеја, која денес е пред реализација и зад која застанаа многу познати јавни личности, институции, компании и жители на градот Битола.

– Трендот да почне да се трча е видлив, паркот никогаш не бил со толкава бројка на тркачи ова лето на исклучително високи температури. Тренд кој е извонреден, позитивен и незапирлив. И можеме да зборуваме за одличен старт по бројот на пријавените кои расте секојдневно и интеракцијата со јавноста која ја остваривме преку социјалните медиуми – ќе истакнат организаторите.

Да се поттикне трчањето како рекреативен спорт во Битола е одлична работа за целата заедница. Нашата цел не е да ги натераме луѓето да се одважат да истрчаат маратон, иако Битола веќе има маратонци со одлични резултати и атлетичари со награди на кратки стази. Нашата цел е да ги поттикнеме да одлучат да се пријават и да ги истрчаат своите први 5км.

На трката веќе е пријавен кремот на македонските атлетичари кои победуваат на трките во нашата земја и нижат успеси низ светот.

Нивното присуство на трката ќе му даде вредност која треба да се искористи не само да стане традиција, туку да прерасне во поголем спортски настан кој ќе ги надмине границите на локалното.
Сепак тенденцијата преку ваков настан да се промовира трчањето кај широката популација останува определба на Трчај бе.

Тие за себеси ќе речат: „Трчај бе” не е атлетски клуб. Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и ќе им ракоплескаме и затоа ќе ја организираме првата градска трка во трчање. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас. Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри. Ние сме тркачите на Битола и со Трчај бе создаваме нова спортска приказна за градот. Така, на 15 септември во Битола ќе се одржи првата градска трка на 5 и 10км.

Трчај бе има моќ да го промени животот на битолчани.  Трчај бе ќе ја организира првата градска трка. Трчај бе ќе ве натера да почувствувате што значи да се придвижите и физички и духовно. Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце. Ние тоа ќе Ви го овозможиме, за да почуствувате колку трчањето може да ви го промени животот на подобро.

Чест ни е да бидете Трчај бе тим со нас. Се гледаме на стартот на трката на 15 Септември.

Ова е линкот за пријавување доколку не сте се пријавиле досега: http://www.smartrace.club/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот