Фото: Принтскрин

Трамп вели дека го добил новиот мировен план, но дека Техеран не „платил доволно висока цена“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му бил презентиран концептот за договор со Иран, но дека чека на точната формулација, предупредувајќи дека сè уште постои можност за повторно започнување на нападот врз таа земја доколку Техеран се однесува лошо, објави „Индипендент“.

Висок ирански функционер вчера изјави дека иранскиот предлог, кој Трамп досега го отфрла, ќе отвори пловидба низ Ормускиот Теснец и ќе ја прекине блокадата на САД кон Иран, додека разговорите за нуклеарната програма на Иран ќе бидат оставени за подоцна.

Запрашан за иранскиот предлог пред да се качи на летот за Мајами во Вест Палм Бич, Флорида, Трамп одговори:

„Ми го кажаа концептот на договорот. Сега ќе ми ја дадат точната формулација“.

На својата социјална мрежа, тој додаде дека не може да замисли дека предлозите ќе бидат прифатливи и дека Иран не платил доволно висока цена за она што го сторил.

На прашањето дали би можел да ги обнови нападите врз Иран, Трамп одговори:

„Не сакам да го кажам тоа. Мислам, не можам да го кажам тоа на новинар. Ако се однесуваат лошо, ако направат нешто лошо, ќе видиме. Но, тоа е можност што би можела да се случи“.

Иран достави одговор од 14 точки на американскиот предлог за решавање на конфликтот, преку Пакистан, кој вклучува гаранции за неагресија, повлекување на американските сили, укинување на санкциите и поморските блокади, како и решавање на клучните прашања во рок од 30 дена.

Америка очекува час поскоро Иран да се произнесе за планот за мир од 15 точки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот