Трамп тврди дека е невин и дека „радикалните демократи сакаат да го уништат“

Доналд Трамп/ Фото: Orit Ben-Ezzer/Zuma / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Големата порота на Менхетен покрена обвинение против Доналд Трамп по истрагата за тајна исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс, што го прави првиот поранешен претседател на САД кој се соочил со кривична пријава.

Детали за обвиненијата со кои ќе се соочи сѐ уште не се објавени. Големата порота го обвини Трамп дека и платил 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс, која тврди дека имала афера со Трамп додека тој бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија.

Трамп објави изјава веднаш по одлуката на обвинението против него.

„Ова е политички прогон и мешање во избори што досега не се случило. Од моментот кога се симнав од ескалаторот на Трамп Тауер, па дури и пред да положам заклетва како ваш претседател, радикалните левичарски демократи – непријатели на вредните мажи и жени од оваа земја – започнаа лов на вештерки за да ме уништат мене и моето движење“, напиша Трамп.

Што е следно ако Трамп утре навистина биде уапсен?

„Вие се сеќавате на тоа, како и јас: Русија, Русија, Русија; Измама на Мулер; Украина, Украина, Украина; Измама за импичмент 1; Измама за импичмент 2; нелегална и неуставна инвазија на Мар-а-Лаго; и сега ова“, вели Трамп.

Се вели дека „демократите лажеле, мамеле и краделе во нивната опсесија да се обидат да го „добијат Трамп“, но сега го направиле незамисливото: „Обвинија сосема невина личност за чин на бесрамно мешање во изборите“.

„Никогаш досега во историјата на нашата нација тоа не било направено. Демократите мамеа безброј пати во текот на децениите, вклучително и шпионирање на мојата кампања, но користењето на нашиот правосуден систем како оружје за казнување на политичкиот противник, кој случајно е претседател на Соединетите држави и водечки републикански претседателски кандидат, никогаш претходно не се случило. Никогаш“, пишува Трамп.

„Окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, кој беше лично избран и финансиран од Џорџ Шорош, е срамота. Наместо да го запре невидениот бран на криминал што го зафати Њујорк, тој ја врши валканата работа на Бајден, игнорирајќи ги убиствата, кражбите и нападите на кои треба да се фокусира. Вака Брег го користи своето време“, напиша Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот